Леонардо Ди Каприо на јахта на Сардинија со пријатели и згодни девојки. Ви звучи познато? Затоа што Лео нема намера да застане…

Леонардо ди Каприо ја покажа својата нова фигура додека уживаше на сонцето на суперјахта на брегот на Сардинија, Италија во саботата.

 

 

Оскаровецот (48) остана без кошула, додека им се придружуваше на пријателите. Заедно со неговите машки другари, една прекрасна бринета убавица ја истакнуваше својата фигура во оскуден розев костим за капење.

Лео, наводно, поминувал време и со супермоделот Ирина Шајк. Рускиот супермодел, која живее во Њујорк, исто така беше меѓу оние кои присуствуваа на премиерата на неговиот најнов филм „Killers of Flower Moon“.

 

 

 

Тие се познаваат долго време и двајцата беа на „Коачела“ оваа пролет – иако официјално тие се „само пријатели“. На 37 години, Ирина е малку постара од вообичаените придружнички на актерот, затоа што Лео обично излегува со жени од 25 години и помлади.

Лео неодамна беше поврзан со моделот Џиџи Хадид, откако тие беа забележани на истите шоубизнис настани и забави.

 

 

Изворите велат дека Џиџи, која има двегодишна ќерка Каи, со поранешното момче Зејн Малик- и Лео сѐ уште се во пријателски односи и се среќаваат кога „нивните зафатени распореди ќе дозволат“.

  • aneta напиша:

    sto ste se fatile so leo aman…sekoj tret post za nego e

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *