„Леприконите немаат проблем со карантинот“: Ова ви го „гарантира“ човекот кој вели дека комуницира со митските суштества
За оние кои не се запознаени Леприконите се вид на виленици во ирскиот фолклор. Најчесто се опишуваат како мали брадести мажи, облечени во зелено. Тие се осамени суштества кои најголемиот дел од времето го поминуваат во поправање на чевли и имаат ќуп со злато на крајот од виножитото.
Но, сепак, не биле толку осамени… Тие „комуницираат“ со еден човек кој сосема сериозно си ги сфатил митските суштества.
Кевин Вудс, од округот Лут во Ирска, води туристички бизнис „Последниот Леприкон во Ирска“, сепак вели дека не го прави тоа за пари затоа што има пристап до ќуп злато. Кевин тврди дека останале само 236 митски суштества и дека тој со години е „чувар на нивниот имот“.
„Имаше милиони, но сега останаа 236, останатите починаа. Јассум чувар на нивните животи и го правам тоа откако ги прогласив за загрозен вид.“, вели Кевин. Авторот и туристичкиот водич дури им помогнал да лобираат кај ирските политичари за да станат заштитени со законот на ЕУ во 2019 година.
Кевин сепак вели дека Леприконите немаат проблем со карантинот и добро се снаоѓаат во пандемијата. Тој вели дека другите луѓе не можат да ги видат Леприконите, но тој ги посетува секој ден преку „вонтелесно искуство“.
Новинарите често му прават интервјуа на Кевин, но ретко кој од нив остане сериозен и рамнодушен да не се насмее на тврдењата на „последниот шепкач со Леприкони“.