Лесно да си богат кога си во изолација! Маж смисли начин како да се пошегува со своите колеги
Работата од дома ќе беше многу поедноставна сите да имавме убави и луксузни домови кои ќе изгледаат привлечно кога ќе ја вклучиме камерата.
Многумина од нас во моментов се движат во тесни станови, а некои живеат и со цимери, па не можат ниту да најдат место каде да го постават лаптопот.
Но, како што е прикажано од еден изолиран работник, ние секогаш можеме да се снајдеме и да се пошегуваме со колегите на оние попладневни состаноци на Skype.
Овој софтверски инженер решил да ги измами своите соработници да веруваат дека живее во голем и луксузен стан користејќи импровизирана позадина. Во позадина се гледала луксузна спална соба, а неговите колеги се чуделе како може да си дозволи таков луксуз.
За наредниот состанок информатичарот вели дека планира да употреби пзадина од џунгла во Амазон… за да ги збуни другите уште повеќе.