Лесно е да се живее здраво со „Мелем од вкусови“: Лесно достапни свежи оброци со продукти од македонско поднебје кои можете да ги вкусите на 8 април во Јавна соба
Секој ден е добар ден за здрав оброк. „Мелем од вкусови“ ви нуди исхрана која содржи соодветен баланс на протеини, здрави масти, јаглехидрати, витамини, влакна и минерали. Изберете здрав начин на живот и вкусете ги свежите оброк салати во тегла со продукти од македонско поднебје, житни оброци во тегла, смути, сендвичи и врапови.

„Мелем од вкусови“ се развива како идеја неколку години наназад, веројатно кога лично го почувствувавме бенефитот од промената на начинот на исхрана. Со актуелнава ситуација со Ковид 19, кога се виде дека најважно е здравјето на луѓето, па „Мелем од вкусови“ настапи на сцената. Нивното име е асоцијација дека храната е лек за физичко и ментално здравје.
Целта и идејата е да им овозможат на луѓето да имаат поголем избор на лесно достапен здрав оброк и да имаат помалку изговори за да се хранат здраво. Затоа тие одлучија нивните салати да не бидат класични, туку да се вметнат продукти кои порано секојдневно биле присутни во исхраната за ручек и изобилуваат со протеини кои бавно се разградуваат и витамини кои притоа не го оптоваруваат организмот.

Како љубители на природата од голема важност им е да не ја загадуваат околината и затоа салатите и житните оброци се во тегла, (која што може да се рециклира или реупотребува), а воедно вкусот на истите е далеку подобар затоа што самите состојки се врзуваат поубаво.
Нивното мото е: Одвојте повеќе време за себе и работите што ве прават среќни, а ние ќе се погрижиме да јадете здрави и вкусни оброци.
Доколку сакате да го разгледате нивното мени и да дознаете повеќе за нив можете на профилот на ФЕЈСБУК и профилот на ИНСТАГРАМ.
А доколку сакате да присуствувате на настанот во Јавна Соба можете да го најдете ТУКА.

Коментирај анонимно