„Летавме повеќе од 6.000 километри низ светот за да се породам на плажа, но сега сме заглавени покрај брегот на Гренада со нашето четиримесечно бебе. Молиме за помош!”

Мајка која прелетала 6.500 километри низ светот, за да се породи на плажа, сега е „заглавена“ на брегот на Гренада со своето четиримесечно бебе.

 

Јулија Гурџи (38) и сопругот Клајв (51) рекле дека „се чувствуваат како затвореници“ бидејќи не можеле да го регистрираат раѓањето на своето новороденче или да аплицираат за пасош.

Двојката го напуштила Тајмсајд, Манчестер и патувале во заливот Родни во Сент Лусија за Јулија да го исполни својот сон да има најприродно можно породување на плажа.
Но, нејзиниот водењак пукнал и на 23 април на сред море го родила бебето Луиза.
Оттогаш, парот е заглавен во битка против бирократијата за да се врати дома.

 

За работите да бидат уште полоши, тие ја оставиле својата осумгодишна ќерка Елизабет во Велика Британија бидејќи не можеле да и го обноват пасошот.
Првично од болницата им било кажано дека не можат да го регистрираат нејзиното раѓање бидејќи поминале повеќе од 24 часа.
Потоа, канцеларијата за имиграција рекла дека им треба доказ дека бебето е нивно, пред канцеларијата за пасоши да рече дека не можат да помогнат бидејќи парот немал доказ каде е родена Луиза.
И сега тие тврдат дека Високиот комесаријат на Велика Британија рекле дека им е потребен ДНК тест – за кој сè уште чекаат да ги добијат резултатите.

 

Двојката велат дека не знаат како ќе се вратат дома и чувствуваат дека се „заробени“.
Јулија, учителка по јога, вели дека доживува непроспиени ноќи поради стресот што не може да оди дома кај нејзината ќерка, која ја чува нејзината тетка, Кристина (24).
Таа вели: „Сезона на урагани е и има бури – тоа е трауматизирачко за сите нас. Не можам да престанам да плачам, молиме за помош – напуштени сме“.
Клајв, спортски тренер од Тејмсајд, вели: „Ние отидовме низ различни агенции и никој нема да ни помогне. Ни снемуваат пари. Наскоро ќе останеме без храна, а никој не ни помага.
Во суштина сме без државјанство – повеќе од напуштени сме. Ние сме затвореници во земја која не ни е дозволено да ја напуштиме”.
Двојката ја напуштиле Велика Британија во март кога Јулија била бремена во 35-та недела и првпат отпатувале за Мартиник.

 

 

Тие потоа се упатиле кон Сент Лусија со брод, а Јулија се породила на море во близина на брегот на заливот Родни.
Луиза е родена во 12.40 часот, со тежина од 3 килограми.
Неколку дена подоцна, родителите ја посетиле болницата Овен Кинг на Европската унија (OKEU) во Сент Лусија за да се прегледаат и да го регистрираат раѓањето на нивната ќерка.
Но, тие тврдат дека им било кажано дека не можат затоа што не поминале 24 часа од нејзиното раѓање.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *