„Личи на млад Бред Пит!“ – Дали синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, Нокс, е плукнат на татко му?
Анџелина Џоли гордо позираше со својот син, Нокс Џоли-Пит, на престижниот настан „Governors Awards“ во неделата.
Оскаровката, која има 48 години, и нејзиниот 16-годишен син – кој го дели со својот поранешен сопруг Бред Пит – привлекоа внимание на црвениот тепих во „Ray Dolby Ballroom“ со нивниот впечатлив стил. Многумина го споредија со млад Бред Пит, но прашањето е дали воопшто личи?
На овој настан изостанаа неговите браќа и сестри: Медокс (22), Пакс (20), Захара (19), Шајло (17), како и близнаците Вивиен и Нокс. Тоа го направи овој момент редок и посебен за мајката и синот.
Тие се дружеа со бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Памела Андерсон, Деми Мур, Никол Кидман и Елизабет Олсен.
Настанот, организиран од филмската академија, оддаде почит на починатиот Квинси Џонс, како и на продуцентите на Џејмс Бонд, Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон, режисерот Ричард Кертис и кастинг-директорката Џулиет Тејлор.
Анџелина Џоли во моментов го промовира својот нов филм „Maria“, биографија за оперската легенда Марија Калас, кој веќе предизвикува возбудување за Оскар.
Филмот „Maria“, режиран од Пабло Лараин, познат по филмот „Jackie“, го прикажува последниот период од животот на Калас во Париз во 1970-тите.
Според синопсисот, филмот ја следи американско-грчката сопрано која се повлекува во Париз по нејзиниот бурен живот во јавноста. Тој има за цел да ги истражи последните денови на легендарната дива додека таа се соочува со својата идентитетска борба. Калас почина во Париз во 1977 година на 53 години од срцев удар.
Филмот ќе се прикаже во кината од ноември, а на Netflix ќе биде достапен од 11 декември.
Претходно, Џоли освои Оскар за најдобра споредна женска улога за ликот на Лиса Роу во „Girl, Interrupted“ (1999). Во 2008 година, беше номинирана за најдобра актерка за улогата на Кристин Колинс во „Changeling“, но ја загуби наградата од Марион Котијар за „La Vie en Rose“.
Џоли има освоено бројни награди, меѓу кои три Златни глобуси, две награди на актерската гилда и еден Тони.
Со ова, таа е на половина пат до престижниот статус ЕГОТ – титула која се добива со освојување на Еми, Греми, Оскар и Тони. До сега, само 21 личност успеала да го постигне тоа, а Џоли ѝ недостасуваат само Еми и Греми за да биде дел од овој ексклузивен клуб.
lici utre sabajle na bret pid
Коментирај анонимно