Личниот тренер на Ким Кардашијан споделува едноставен совет како можете да го трансформирате своето тело за 5 минути на ден

Тренерот по фитнес Сенада Грека постојано работи со екстра познати личности – и според неа, добивањето холивудска фигура е достапно за само 5 минути на ден. Личниот тренер, кој има работено со ѕвезди како Ким Кардашијан и Миранда Кер, се појави во подкастот „On Purpose“ на Џеј Шети , каде ги сподели своите трикови за градење здрави навики.

 

 

 

Сенада, која е и основач на апликацијата „ReRise“, им понуди совети на оние кои не се сигурни како да го започнат сопственото фитнес патување.

„Секогаш велам почни од малку“, советува таа.

 

 

 

„Започнете со 20 минути, започнете со пет минути, па дури и една минута – и потоа изградете ја таа навика“, предложи Сенада.
Фитнес гуруто објасни дека станува збор за создавање конзистентна навика „од ден на ден“.

„Многу време мислиме дека мотивацијата е она што е потребно, а не е“, сподели таа.

Експертот објасни дека во основа, градењето здрави навики се сведува на тоа да ви биде подостапно да носите свои здрави одлуки.

 

 

 

 

„Тоа е таа навика што ја создаваме секојдневно“, се насмевнува таа.

Сенада зборуваше и за важноста да се создаде рутина, предлагајќи да вежбате во исто време секој ден и да си го олесните тоа што е можно повеќе.

„Ако одите во теретана, подгответе си ја облеката за вежбање уште од минатиот ден“, предложи таа.

Сенада призна дека вежбањето само пет минути изгледа како малку за почеток, но вели дека тоа е градежен материјал за стабилна основа за создавање цврста навика при вежбање.
„Тоа е она што е клучно за фитнесот да стане долга доживотна активност, бидејќи јас го гледам како не спринт – туку доживотен маратон“, истакна таа.

Во однос на тоа што можете да постигнете за пет минути, фитнес фанатикот предлага да започнете со прошетка или трчање на лента за трчање, а потоа и некои сквотови или кревање тегови. Експертот за фитнес не се занимава само со физички вежби, туку и ја признава медитацијата како важен дел од нејзиното ментално здравје.

Сенада зборуваше за вежбањето со Ким Кардашијан, опишувајќи ја како многу посветена. Сенада додаде дека работата со познати личности и помогнала да ја шири нејзината животна порака.

 

  • Васе напиша:

    Добра теорија, ова во Македонија (никогаш северна) не пале бе сестро, не пале!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *