Лицето на оваа жена полека „се јаде“ поради мистериозна болест

Таа патувала низ цел Казахстан, одела во безброј болници и клиники, разговарајќи со многу специјалисти, но никој не може да утврди зошто лицето на оваа жена полека се јаде.

36-годишната Татјана Чаусова од градот Актобе во Казахстан веќе три години се бори со „мистериозната болест“ и лекарите не можат да дадат соодветна дијагноза.

Нејзината мајка Валентина Рјабчикова, која, наводно, ѝ помага на нејзината ќерка да се бори против болеста, објасни дека тие се впуштиле низ целата земја во потрага по специјалист за да ѝ помогнат. Поради фактот дека не е дијагностицирана, мајката на три деца не знае какви лекови треба да зема.

Мајката на Татјана вели дека сѐ започнало во 2016 година, кога нејзината ќерка започнала да има сериозни главоболки. Две години подоцна, лекарите рекле дека тоа е заради нејзиното уво, па таа подоцна била подложена на операција. Сепак, слухот ѝ се влошил и главоболките не престанале. И покрај тоа што не била дијагностицирана со тумор, СИДА или ХИВ, лекарите, наводно, ѝ пропишале терапија со зрачење и лекови против рак.

За жал, се вели дека Татјана се чувствува полошо секој ден. Тие веруваат дека причината е нешто друго, но тоа е проблемот: „Што е тоа?“ Татјана е мајка на три деца, еден студент кој исто така работи и две помали деца на возраст од 13 и осум години кои се на училиште. Нејзиниот сопруг, наводно, нема стабилна работа и семејството се бори да за да плати за нејзиниот третман.

Нејзината мајка апелира до било кој, кој може да им помогне да го пронајдат вистинскиот специјалист за да можат да дешифрираат што стои зад ужасната болест.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.