„Љубов која ја немал претходно“: Поради танчерка 31 година помлада од него, познатиот актер одлучи да стане татко на 63 години

Ѕвездата на Паркот Јура, Џеф Голдблум (68), се смири на подоцнежна возраст и првично беше таинствен во врска со неговата сопруга Емили Ливингстон, која е 31 година помлада од него, но на крајот не можел повеќе да ја крие својата среќа.

Актерот и музичар зад себе имаат два кратки брака од 80-тите години, а танчерката и поранешна гимнастичарка, која се натпреварувала на Олимписките игри, Емили е со него од 2011 година. Тие се венчале во 2014 година, а Џеф признал на близок пријател дека љубовта кон емили го обземала и дека не се чувствувал никогаш така претходно.

„Бевме во фитнес салата Еквинокс на булеварот Сансет. Ја видов спроти преполната сала и отидов кај неа и започнав разговор.“, вели Џеф. Двојката го доби синот Чарли Оушн во 2015 година. Џеф се пофали на Инстаграм дека на 63 години станал татко, а бил особено среќен што неговото дете се родило на 4 јули, односно на важниот американски празник Денот на независноста.

Џеф исто така изјавил дека воопшто не размислувал дека еден ден ќе стане татко: „Никогаш не сум бил особено страстен за татковството или не сум го предвидел тоа за себе. Немам внуки и внуци, никогаш не сум видел некој да се породи.“

„Отсекогаш мислев дека е добро што немам драма со деца“, призна Голдблум. Но, тогаш му се случила голема љубовна врска со Емили со која разговарал за родителство една година. „Разговаравме за тоа со мојот терапевт, отидовме кај него заедно и по една година размислување реков:„Ова некако звучи добро, ајде да се жениме и да имаме деца “, се сеќава актерот.

Неговата среќа била уште поголема кога ја добиле ќерката Ривер Џо во 2017 година и актерот често истакнува дека децата се благослов како и неговата сопруга. Иако Голдблум има уште многу актерски ангажмани, тој се труди да биде грижлив татко и обожава слободни моменти во кои може да им се посвети на синот и ќерката.