Љубовната приказна на човекот што се „ожени“ со кујнски апарат заврши за (не)очекувано кратко време

За жал, не сите бракови завршуваат среќно, и ниту еден скап меден месец не може да ги олесни работите ако парот едноставно не е добро прилагоден.

Ова беше случај со Хоирул Анам, од Индонезија, кој мислеше дека конечно „ја нашол вистинската“ во форма на апарат за готвење на ориз.

Слушаме добри работи за апаратите за готвење на ориз, но Хоурил бил толку воодушевен што решил да направи свадба со кујнскиот апарат.

На фотографиите споделени на Фејсбук, може да се види како Хоирул ги потпишува потребните документи и изгледа гордо додека ја бакнува својата нова невеста на нејзиниот прекрасен капак.

Во објавата на „Фејсбук“, Хоирул го пофали својот „сакан бел и послушен“ апарат, додавајќи „без тебе мојот ориз не се вари“.

Како што многумина од нас знаат премногу добро, текот на вистинската љубов никогаш не поминува без проблеми, и како Ромео и Јулија, Хоирул и неговата нова сопруга успеаа да поминат само неколку кратки денови заедно.

Во неодамнешна објава, Хоирул откри дека одлучил да го прекине бракот само четири дена по свадбата, бидејќи невестата готвела само ориз:

„Мојата одлука е донесена .. навистина тешка .. но е моја одлука .. нема совршен партнер ..“

Не е јасно дали Хоирул и апаратот за ориз ќе останат пријатели по разводот.