Човек и коњ!? Љубовни врски кои го вознемирија светот
Историјата е сведок на голем број на чудни односи и врски помеѓу луѓето, животните, предметите и другите незамисливи работи.
За нас, „обичните луѓе“ тешко можеме дури и да ги замислиме ваквите работи, но фактите зборуваат сами за себе. И самите ќе видите дека сѐ е можно доколку некој човек е доволно луд.
Џон Дејвис
Врска: татко и ќерка
На 20 март 2008 година Џон Дејвис и неговата ќерка Џени добиле 3 условна казна откако признале инцест. Џон ја напуштил мајката на Џени пред 30 години и откако повторно се сретнале по 2 недели од запознавањето стапиле во љубовна врска во која ја добиле и ќерката Селест.
Папа Пиј IX
Врска: папата и киднапираното дете
Вечерта на 23 јуни 1858 година, во Болоња, тогашен дел од папските држави, полицијата пристигна во домот на еврејската двојка за да земе едно од нивните осум деца, шестгодишниот Едгардо и да го однесе во Рим каде ќе го одгледува државата.
Црковните службеници рекле дека 14-годишно католичко девојче по име Ана Мориси, слуга во семејството Мортара го крстило Едгардо кога бил болен затоа што се плашел дека ќе умре и ќе оди во пекол. Во тоа време некатоличките семејства немале право да одгледуваат христијанско католичко дете, па дури и да е нивно.
Папата лично се ангажирал за случајот и имал многу близок однос со момчето. Кога пораснало момчето станало свештеник. Тој бил страствен поддржувач на Ватикан и ги преземал првите чекори кон прогласување на Пиј IX за светец.
Кенет Пинјан
Врска: Човек и коњ
Кенет Пијан (22 јуни 1960 година – 2 јули 2005 г.) бил инженер на Боинг и живеел во Вашингтон. Тој практикувал сексуални односи со пастуви на фарма во близина на градот Енумклав. Тој ги снимал оргиите и ги објавувал под псевдонимот „Г-дин Раце“.
За време на сексуалниот однос во јули 2005 година, дебелото црево му пукнало и тој починал од повредите. Тој одбивал да оди во болница затоа што се плашел за неговата репутација.
Аја Рита Берлин-Мауер
Врска: Жена и ѕид
Рита се венчала за Берлинскиот ѕид во 1979 година, откако ѝ била дијагностицирана состојба наречена предметна сексуална ориентација. Таа била разочарана откако ѕидот бил урнат и нејзиниот сопруг „убиен“. Сепак таа успеала да си пронајде нова љубов, кон која имала поедноставен пристап… а тоа е оградата во нејзината градина.
Карл Танслер
Врска: Маж и труп
Карл Танслер или грофот Карл фон Козел (8 февруари 1877 година – 23 јули 1952 година) е роден во Германија. Тој бил радиолог во болницата Ки Меритим во Ки Вест, Флорида, кога развил манија за младата кубанско-американска пациентка од туберкулоза, Елена Милагро „Хелен“ де Хојос (31 јули 1909 година – 25 октомври 1931 година), која продолжила и откако девојката починала од болеста. Во април 1933 година, тој го откопал телото и го држел во својот дом. Постепено како телото се распаѓало тој го препарирал и ги дополнувал деловите.
Тој користел огромни количини на парфеми, средства за дезинфекција и конзерванси за да го маскира мирисот и да ги спречи ефектите од распаѓањето на трупот. Сестрата на Елена ги слушнала гласините, дека Карл спие со трупот на нејизната сестра и го пријавила во полиција. Тој бил уапсен, но подоцна ослободен затоа што делото веќе било застарено.