Љубовта е посилна од пандемијата: Внук го ризикува животот во обид да ја спаси својата баба

За жал најболните збогувања се оние кога има толку многу некажани работи и неисполнети планови. Трогателна сцена беше фатена на влезот во општата болница во Мексико Сити, каде што еден човек заборави на опасноста по својот живот и даде сѐ од себе да ја спаси личноста која многу му значи.

И покрај ризикот од пренесување, еден млад човек се обидел да ја оживее својата баба која умирала од Ковид-19 со тоа што започнал да ѝ дава вештачко дишење.

Внукот ја однел својата баба во болница откако забележал дека има проблеми со дишењето, што е симптом на Коронавирусот. Но, откако пристигнале и ги чекале лекарите на паркингот, состојбата на жената се влошила. Човекот во тој момент не размислувал за своето здравје и веднаш почнал да ѝ дава вештачко дишење со надеж дека ќе ја спаси.

По неколку минути пристигнале и лекарите за да ѝ помогнат на жената. За жал ова не е приказна со среќен крај. И нивните напори да ја оживеат биле неуспешни. Од фотографиите може да се види тагата на лицето на овој човек откако баба му повеќе не покажувала знаци на живот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!