Локални избори 2021 во Македонија (виц)

Оди кандидатот за градоначалник во едно планинско село за лично да ги убеди селаните да гласаат за него. Ги собира сите на сред село и ги прашува:
– Какви проблеми имате?
– Па, ние имам 2 основни проблеми: Прво имаме амбуланта, но немаме доктор…
– Момент…
Политичарот го вади мобилниот, врти број, разговара на глас две минути и вели:
– Готово, проблемот е решен, сега кажете ми кој е вториот проблем?
– Немаме мрежа за мобилните телефони!