Лондовската модна недела воведе забрана за користење на егзотични животински кожи: „Иднината на модата е без животни“
Лондонската модна недела воведе забрана за дизајнери да претставуваат колекции што содржат егзотични животински кожи, со што се прави важен чекор напред во одржливите иницијативи на Британскиот моден совет (BFC).
Од сега, дизајнерите мора да се согласат со новата политика кога аплицираат да бидат дел од официјалниот календар на Лондонската модна недела, што ја прави прва од „големата четворка“ модни недели (Лондон, Милано, Париз, Њујорк) со ваков чекор. Иако Копенхагенската модна недела веќе ги забрани егзотичните кожи оваа година, Милано, Париз и Њујорк сè уште не презеле слична иницијатива.
„Како дел од иницијативата за позитивна мода на Британскиот моден совет, Модната недела во Лондон е без крзно, без диви и егзотични кожи. Многу од нашите дизајнери веќе имаат силни етички вредности и работат на одржливи практики. Ние сме посветени на тоа да им обезбедиме алатки и ресурси за да им помогнеме во оваа трансформација,“ изјави портпарол на BFC.
Новата политика беше објавена од заменик-директорот за политика и ангажман на BFC, Дејвид Ли-Пембертон, и претставува дел од посветеноста на Советот за одржливи и етички практики преку Институтот за позитивна мода.
Што значи ова за модната индустрија?
Дебатата за употребата на животински производи, како кожа, крзно и пердуви, е тема на интензивна расправа во модната индустрија. Притисокот од групи за заштита на животните и одржливост е се’ поголем, иако луксузните брендови сè уште користат животински материјали.
На пример:
Керинг (сопственик на „Гучи“, „Ботега Венета“, „Баленсијага“) има забрана за крзно, но сè уште користи егзотични кожи.
ЛВМХ (сопственик на „Лоеве“, „Живанши“, „Селин“) не ги забрани ниту егзотичните кожи ниту крзното.
Сепак, многу дизајнери веќе се откажаа од користење на овие материјали.
Шанел ги укина егзотичните кожи и крзното во 2018 година.
Марк Џејкобс го забрани крзното оваа година, по бројни протести.
Организацијата за заштита на животните PETA долги години е гласна против употребата на животински производи во модната индустрија. Протестите од оваа група честопати ја прекинуваат модната недела, како што беше случајот со „Coach“ во Њујорк и повеќе ревии во Лондон и Париз.
Претставник од PETA, Ивон Тејлор, изјави: „Ги поздравуваме дизајнерите кои препознаа дека животните како крокодили, змии и гуштери не треба да бидат убиени за нивната кожа. Иднината на модата е без животни – и таа иднина е тука и сега.“
Taj pametnio shto e zabranil…pitajte go kakvo meso saka da jade najnogo vo Mishelin restoran?
Коментирај анонимно