Лошите ефекти што алкохолот ги има врз мозокот – од кратко опуштање до трајни последици слични на деменција
Една од најголемите опасности од алкохолот е неговото влијание врз мозокот – органот што управува со секоја наша мисла, емоција и одлука. Алкохолот не е само психоактивна супстанција; тој е токсичен елемент кој, откако ќе влезе во крвотокот, го погодува телото на различни нивоа, особено мозокот.
Телото се обидува да се справи со внесениот алкохол преку црниот дроб, кој може да процесира приближно една единица алкохол на час. Но, додека тоа се случува, алкохолот патува низ крвотокот, влијаејќи врз бројни органи – најмногу врз „нуклеарниот центар“ на човековото функционирање: мозокот.
Во подкастот „Diary of a CEO“, докторката Сара Вејкмен открива дека алкохолот делува како „антианксиозно и аналгетско средство“, но со голема цена. Иако иницијално ослободува допамин и создава чувство на пријатност, таа предупредува дека овие ефекти лесно може да излезат од контрола. Според неа, многу луѓе би донеле различни животни одлуки ако знаеле навреме за ризиците.
Што велат истражувањата?
Најзагрижувачкиот дел од нејзините објаснувања е споредбата меѓу мозокот на 43-годишен алкохоличар и мозокот на 90-годишна личност со деменција – кај обајцата е забележана редукција на здравото мозочно ткиво. Вејкмен предупредува дека „етанолот буквално го капе мозокот“ за време на пијанства и може да доведе до амнезија и трајни оштетувања.
Симулацијата од YouTube каналот I Wonder Why? покажува како алкохолот за само пет минути стигнува до мозокот и се поврзува со GABA рецепторите, значително забавувајќи ги мозочните процеси. Ова ја објаснува привремената релаксација, но и опасноста што стои зад неа.
Иако чувството на релаксација може да звучи примамливо, последиците по менталното здравје и структурата на мозокот се трајни и сериозни.
Коментирај анонимно