Лото расправии: Во Британија „се колат“ кому припаѓаат парите кога некој од семејството ќе добие на лото – од тужење на тетки и внуци до кршење автомобили на родители

Правилата на британската национална лотарија се јасни – право на готовина има само лицето наведено на добитниот тикет. Но сето тоа може да доведе до непријатни расправии со пријателите, родителите, семејството или сопружниците. Најчесто нормално дека некои луѓе ги делат парите со нивните најблиски, но што правиме со тие што сметаат дека се само нивни? Епа парите најдоа уште еден начин да го уништуваат нашиот живот, и кога ги немаме, а во случајов и кога ги имаме. Еве неколку приказни кога лотаријата била најважна од сѐ.

Време е за чекан

Кога пред една деценија десетина возачи на автобуси од Корби во Нортантс собрале 42 милиони евра на EuroMillions, мислеле дека го имаат билетот за полесниот живот. Но, тоа предизвикало расправија меѓу Алекс Робертсон и неговите синови, кои твделе дека тој одбил да сподели некоја од неговите добивки од 3,4 милиони евра со нив.

Алекс Џуниор (45) призна: „Расправијата заврши со удирање чекани по неговите два нови 4×4 Shoguns. Отидовме скришно до автомобилите во 11 часот навечер и ги искршивме прозорите. Потоа се пријавивме во полиција“

Тој изјави за Сан во тоа време: „Оваа добивка на лотарија беше најлошото нешто што ни се случило – го уништи нашето семејство“.

Неговиот брат Вилијам (44) беше обвинет за малтретирање на добитникот на Лото, испраќајќи му заканувачки СМС пораки. Но, случајот против Вилијам беше отфрлен во 2013 година, откако Алекс Снр (77) одлучи да не лета од Шпанија за да даде докази на судењето.

Кавга за сопругата

Маж се налутил кога неговите колеги одбиле да поделат дел од наградата со неговата сопруга, која случајно ги избрала среќните броеви.

Џим Хог, од Дронгнан, Ершир, сметал дека неговата сопруга Нан ​​треба да добие пристоен дел од 112.000 евра што ги освоиле десетте членови – иако таа не уплатила – затоа што среќата била што таа го погодила среќниот број. Но, другите девет победници биле подготвени да ѝ дадат само 1.000 евра како благодарност во 2009 година.

Џим рече: „Да бев алчен, можев да ги задржам 112.000 евра без да кажам ниту еден збор – како би знаеле?“

Семејни несреќи

Даблинскиот таксист Гери Елисон ја туѓел својата тека во 2009 година откако не добил дел од среќата од 430.000 евра на Лото. Тој изјави пред судот дека го потпишал задниот дел од добитното ливче со неговата тетка Кеј кога таа го предала на Националната лотарија на Ирска.

Но, откако Кеј починала во 2007 година, најголемиот дел од парите отишле кај вујкото на Гери, Лиам, кој инсистирал дека тој има право на парите бидејќи бил со неговата сестра речиси 18 години.

Златна тетка

Една тетка во Канада го однела својот внук на суд за да го спречи да добие половина од нејзината добивка на лотарија од 680.000 евра пред четири години.

Барбара Редик тврдела дека му дала пари на Тајрон Мекинес за да го купи билетот и го замолила да го стави своето име на неа за среќа. Таа рече: „Неговото име го ставив на билетот за среќа, бидејќи тој ми е како син – или ми беше. Имаше среќа, но не за половина милион долари. Тајрон не добива ништо од мене“.

Судијата пресуди дека Барбара има право на најголемиот дел од добивката, но сепак додели повеќе од една четвртина од парите на Тајрон.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *