Ловци на богатство пронашле 161 вредна монета од римско време, на неколку чекори од својот шатор
Мик Реј (63), Роберт Абот (53) и Дејв Ален (59) заминаа на кампување за викенд. Пријателите поставиле шатор среде полето во близина на античкото село Певси во Вилтшир, Велика Британија.
По појадокот, Абот го вклучил детекторот за метал и решил да прошета наоколу, Брзо лоцирал метални предмети под земја, на шест чекори од сопствениот шатор. Најпрвин нашол само штипки од шатор фрлени од некого, но потоа почнал да копа подлабоко и извадил римска сребрена монета, која се претпоставува дека е стара околу 1600 години.
Реј и Ален почнале да му помагаат на да копа и набрзо откриле десетици други монети. До крајот на викендот, ловците на богатство пронашле вкупно 161 монета, вклучувајќи сребреници, кои датираат од 340-402 година од нашата ера.
Интересно е што тие и претходно доаѓале на лов на богатство и поставувале шатор на истото место, но никогаш не им текнало дека можеби го поставуваат шаторот врз богатството.
Монетите ќе бидат понудени на аукција во Лондон. Проценетата цена е од 30 до 40 илјади фунти.
Водителот на аукцијата Најџел Милс рече: „Всушност, сите монети се како нови, дури и не требаше да се чистат. Богатството било закопано во време кога римското владеење во Британија од страна на императорот Хонориј повеќе не било одржливо, бидејќи војската била повлечена за да ги заштити другите провинции. Како резултат на тоа, Британија стана остров со богатство од крајот на 4 и почетокот на 5 век. Таму се наоѓаат златни и сребрени римски монети и други вредни предмети кои локалното население ги закопувало пред да стане жртва на саксонските рации.



