Ловци на змии раскажуваат како успеале да фатат питон од 5 метри: „Беше лудо, мислевме дека е алигатор“

Овој пат, ловците на питони „Панхендл“ влегоа во историјата откако фатија змија тешка 90 килограми.

„Нејзината глава беше со големина на фудбал“, изјави Мајк Елфенбејн за „надреалното“ фаќање, кое се случи во текот на викендот во националниот резерват Биг Кипарис во Јужна Флорида.

 

Флоридијанецот – кој не е професионален ловец на змии – и неговиот син Кол, штотуку запознале тројца други мажи кои барале бурмански питони, инвазивна змија од Југоисточна Азија која сега се наоѓа и низ јужниот дел на Соединетите држави.

„Сите наидовме на оваа џиновска змија на патот точно во исто време“, се сеќава Елфенбејн, кој рече дека змијата првично изгледала толку голема што мислеле дека е алигатор.

 

Сите пет души морале да се борат со питонот за да го стават под контрола.

„Ја фатив за глава. Мојот син ја фати за опашката. А другите тројца момци во срединара. И додека сите петмина седевме врз неа, таа сè уште буквално можеше да го подигне своето тело од земја и да продолжи да се движи. Беше лудо” – рече Елфенбејн.

 

Тие не ја преувеличуваа големината. Чудовиштето бурмански питон официјално е долг 5 метри и 58 сантиметри во обем и тежи 90 килограми, како што беше потврдено од страна на Конзервансијата на Југозападна Флорида. Ова ја означува втората најтешка змија некогаш фатена во државата Соншајн.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *