Ловец на богатство ја откри најголемата златна грутка во Британија, вредна над 90.000 евра

Ли Палмер, автор на „Златни појави во Велика Британија“, решил да му пристапи на мистериозниот пронаоѓач на златната грутка и да се распраша за неа за да може тоа да го напише во својата книга.

Грутката тежи 121,3 грама и таа е од чисто 22-каратно злато. Пронаоѓачот првин ја пронашол првата половина, а по 10-тина минути и втората која совршено се вклопувала во првата.

Токму поради тоа грутката го добила името The Reunion Nugget. Пронајдена е со употреба на методот на снајперизам, во кој нуркачите односно ловците на злато лежат со лицето надолу во некоја река.

Г-дин Палмер вели: „Човекот само што го фрлил поголемото парче во кофата со останатите негови работи, тој знаел дека големо но не и колку. Тој ја пронајде втората грутка 30 сантиметри од првата и тоа го стави во кофата. Не поминаа неколку дена подоцна, тој ги разгледа и сфати колку се големи и дека тие се вклопуваат заедно. Дупката во средина може да биде предизвикана од удар на карпа или ледник.“

Грутката е пронајдена во река во Шкотска. Палмер вели дека тоа што е пронајдена во два дела не би требало да влијае на нејзината вредност.