Луѓето почнале да му претат на овој пар кој направил „карантинска забава“, но погледнете ја подобро фотографијата
Милиони луѓе низ светот во моментов се придржуваат кон владините насоки да останат внатре, а потоа да избегнат контакт со најблиските во обид да спасат животи и да ги заштитат своите здравствени системи.
Но, додека повеќето од нас ги следат упатствата некои од нас сепак сѐ уште не ја сфаќаат сериозно ситуација и си продолжуваат по свое.
Еден пар од Манчестер сакаше да ги тестира луѓето како ќе изреагираат откако ќе видат дека си направиле „карантинска забава“ по дома. Ели Морли (32) и нејзиниот партнер, 33-годишниот Симон Еванс се изолирале дома откако престанале да работат.
Тие не ја напуштиле куќата веќе три недели и полека им снемувало забавни работи со кои ќе можат да се занимаваат. Така тие решиле да вложат време во стекнување на нова вештина, фотошоп. Парот си направил карантинска забава така што се фотошопирале самите себе на полеќе локации низ домот и потоа таа фотографија со „многу луѓе“ ја објавиле на социјалните мрежи и напишале дека прават забава.
Рекациите на луѓето биле „лути“. Некои од нив им пишале дека ќе им повикаат полиција, а други ги „колнеле“ со зборовите дека се надевааткако сите на забавата ќе се разболат поради несовесноста, но набрзо луѓето почнале да забалежуваат дека „забавата“ е составена од истите ддве личности и дека ова е само добра шега креирана со помош на фотошоп.