Луѓето смислуваат сѐ покреативни начини за да останат фит за време на карантинот

Работата од дома секако има некои придобивки, но легањето во кревет цел ден и станува здодевно по неколку дена. Гонзало е фитнес инструктор од Севиља. Тој работата од дома си ја сфатил сериозно и не сакал да го троши своето време залудно.

Затоа решил да си помогне на себе, а и на соседите да останат во топ форма. Во Шпанија е забрането движењето на луѓето освен за купување основни намирници и лекови, па така на луѓето одлично им дојде идејата на Гонзало.