Луѓето ги посетуваат некои од најневеројатните места во светот за време на карантинот, но не како што мислите

Како што во моментот стојат работите, не можеме да излеземе и да ги правиме работите на кои вообичаено сме навикнати. Не можеме ниту наједноставно да излеземе од државата, а не пак да помислиме на егзотични дестинации. Секако сето ова е оправдано во вакви моменти.

Самоизолацијата сега ги натера вечните авантуристи да бидат супер креативни со своите „патувања“ при што многумина сега истражуваат некои од најневеројатните места на Земјата од удобноста на нивната дневна соба.

Преку социјалните мрежи, луѓето ги споделуваат своите „прошетки“ горе-долу по улиците на Венеција или нивните турнеи на најновите уметнички изложби. Виртуелното патување сега стана популарен начин на забава и не можеме да кажеме дека не е корисен за нашето ментално здравје.

Без да излезете од удобноста на вашиот дом можете да прошетате до Големиот Кинески Ѕид или да се восхитувате на зачудувачките ентериери на Версајската палата. Можете да ги видите пирамидите во Гиза или пак да направите тура низ театарот Бољшој во Москва.

Можете да проверите мурали во Њујорк, или пак можете да го погледнете Рио од статуата на Исус. Запомнете, ќе го поминеме ова тешко време заедно.

Еден ден ќе прошетаме по стрмните, историски улици во нашите омилени градови, прашувајќи се дали е прифатливо да си земеме уште еден сладолед пред ручек.