Љубов надвор од мобилните апликации: Њујорчанка јавно го објави својот телефон на маратонот во обид да најде љубов
Во времиња кога онлајн забавувањето е премногу исцрпувачко и речиси секој го бара вистинскиот партнер преку мобилни апликации, 33-годипната Линдзи Гедуци од Њујорк реши да го фрли мобилниот и да ги постави картите на маса. На њујоршкиот маратон, таа се појави со огромна табла на која го напиша својот телефонски број и провокативна порака, во обид да улови некој од илјадниците активни учесници.

„Повеќето луѓе што се наоѓаат на сцената за забавување во овој град знаат дека тоа е прилично болно“, изјави Линдзи Гедуци.Таа вели дека мобилните апликации веќе не функционираат како порано и се чини дека љубовта не се наоѓа зад екранот. „Јас сум активна личност. Сите овие луѓе се активни. Ајде да се обидам“, вели Линдзи, опишувајќи го потегот како нeшто природно за неа.
На таблата со големи букви таа напиша: „Силни нозе, добар задник, јави ми се“ покрај својот број. „Тоа е нешто забавно и флертувачко“, објаснува Линдзи за идејата. Работејќи како менаџер во адвокатска фирма, таа го споредува запознавањето во Њујорк со самото трчање маратон: „Тешко е и исцрпувачко.“ Смета дека луѓето имаат премногу избори и наоѓаат мал проблем и веднаш преминуваат кон следниот.
Линдзи и нејзините пријатели, па дури и мајка ѝ, беа на половина пат од маратонската рута. Мајка ѝ позитивно ја поддржа: „Ова може да биде првиот ден од остатокот од твојот живот“, раскажа Линдзи низ смеа. Сепак, откако навистина излезе со таблата, ја обзеде срамежливост: „Всушност држев реклама за себе… Првин малку ме фати страв, ова беше нервозно.“
Стравот брзо исчезна кога тркачите почнаа да воздивнуваат, се насмевнуваа и дури и позираа. „Еден постар човек се врати и праша: ‘Каде беше пред 40 години?‘“ се потсетува Линдзи. Ги израдува што на изморените тркачи им подари малку забава додека се борат со километражата.
Линдзи не беше единствената што држеше флертувачки знак во неделата. Фотографите на „Пост“ ги фотографираа другите гледачи како мавтаат со непристојни пораки, вклучувајќи една на која пишуваше „Никој не сака брзо завршување“.


Коментирај анонимно