Луѓе кои истражувале напуштена болница за душевно болни велат дека фатиле дух на камера

Кејли Лав, која спроведува истраги за нејзиниот канал на Јутуб тргнала со пријателите да истражува место кое што некогаш било болница за душевно болни. Болницата се наоѓа во Велс, Велика Британија и била отворена во 1903 година, а официјално се затворила во 1999 година.

Таа вели дека на видеото кое го правела може да се види дух на жена која најверојатно била пациент во болницата. „Стомакот ми се сврте. Дури и кога подоцна морав да ја уредувам снимката за да ја забавам, за да можат другите добро да ја погледнат, тоа ме натера да се чувствувам нервозно и непријатно.“, вели Кејли.

„Верувам дека таа е пациент која сè уште е заробена таму и нејзината соба се наоѓала во тој коридор. Чувствувам дека нејзината приказна треба да се раскаже и можеби ова е нејзиниот начин да посегне за да пречекори и да избега од оваа болница.“, додава таа.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.