Луѓе раскажуваат за своите состаноци кои се претвориле во кошмар, но барем сега имаат добра приказна за во друштво

Од каснење, до зборување за бившите, повеќето од нас сме имале многу лоши први состаноци, но овие луѓе и нивните приказни се на друго ниво. Корисници на интернет споделија приказни за нивните состаноци кои брзо се претвориле во кошмар, но барем сега имаат интересна приказна за раскажување.

 

  • Девојката со која бев на состанок инсистираше да одиме во еден многу скап ресторан каде што ги нарача најскапите работи што беа на менито. Таа цело време беше на телефон и воопшто не ни зборувавме. Келнерката забележа што се случува и тајно ми сигнализираше да дојдам со неа. Станав и ја следев, таа ми кажа дека ја поделила сметката и ме праша дали сакам да го платам мојот дел и да заминам. Тоа и го направив.

 

  • Се запознав со една девојка која изгледаше многу фино. Ја поканив да излеземе и таа се согласи, но ме замоли да ѝ правам друштво до банкомат за да извади пари. По пат ме нападна нејзиниот партнер и се обиде да ме ограби. Ноќта ја поминав во станица давајќи изјави.

 

  • Мојот прв состанок. Бев на ручек со еден тип, се појави другар му, почнаа да си пишуваат пораки и наеднаш станаа и ми ја оставија сметката.

  • Еден дечко ме покани на забава. Излезе дека е семејна вечера и тој ме претстави како негова девојка. Јас решив да се преправам дека навистина сум за да му направам услуга.

 

  • Прв состанок. Одиме да кугламе, се вртам и типот ми го проверува телефонот.

  • Отидов на состанок со девојка со која го има првиот бакнеж една недела пред тоа. Таа ја доведе сестра ѝ близначка. Не знаев која е која и ми беше незгодно да прашам. Подоцна дознав од пријател дека таа мисли дека повеќе ми се допаѓа сестра ѝ. Многу збунувачки.

 

  • Ја отвори вратата, виде дека сум понизок од неа и извика: „Леле треба да си ги сменам чевлите“, и ми ја затвори вратата пред лице.

  • Погледна преку рамо и рече: „Еј ене го и другиот тип со кого сум на состанок“.

 

  • Девојката ми кажа дека е верена, но се сомнева во одлуката па затоа оди на состаноци за да види дали ќе се премисли.