„Луѓе со големи глави“: Таинствена нова форма на древен човек излегува на виделина

Провокативна статија во Nature вели дека постоела сосема нова група на древни луѓе – роднини на Денисовците и Неандерталците – кои живееле заедно со Хомо сапиенс во источна Азија пред повеќе од 100.000 години.

Мозоците на овие исчезнати луѓе, кои веројатно ловеле коњи во мали групи, биле значително поголеми од оние на другите хоминини од нивното време, вклучувајќи ја и нашата сопствена врста.

 

Палеоантропологот Сјуџие Ву од Кинеската академија на науките (CAS) и антропологот Кристофер Бае од Универзитетот на Хаваи ја нарекоа оваа нова група Џулурен, што значи „луѓе со големи глави“.

Претходно, некои научници ги припишувале фосилите на Џулурен (Homo juluensis) на Денисовците (Денисовци), група древни луѓе сродни на Неандерталците, кои исто така живееле и се вкрстувале со современите луѓе во делови од Азија.

Но, Ву и Бае направиле подетална анализа и заклучиле дека карактеристиките на некои фосили пронајдени во Кина не можат лесно да се поврзат ниту со современиот човек, ниту со Неандерталците, Денисовците или Хомо еректус, хоминините кои живееле пред нашата врста.

Нивната комбинација од особини сугерира мешан предок од различни хоминински групи, кои живееле во истите региони на Азија помеѓу 300.000 и 50.000 години.

„Овие фосили претставуваат нова форма на хоминин со голем мозок“, заклучуваат Ву и Бае во научното списание PaleoAnthropology претходно годинава.

„Иако го започнавме овој проект пред неколку години, не очекувавме дека ќе можеме да предложиме нова врста на хоминин и да ги групираме фосилите од Азија во различни категории,“ вели Бае.

 

Антропологот Џон Хокс, кој не бил дел од истражувањето, го нарекува трудот на Бае и Ву „провокативен“. На својот блог, тој ја разгледа нивната студија и се согласи дека, иако доказите за Џулурен се ограничени, човечкото минато во Азија е „поразнобојно отколку што мислеле повеќето експерти“.

До неодамна, сите хоминински фосили пронајдени во Кина, кои не се совпаѓале со Хомо еректус или Хомо сапиенс, биле ставани во една иста категорија. Во споредба со фосилите од Африка и Европа, записите за луѓето во источна Азија се помалку детални и разликувани.

„Да се нарекуваат сите овие групи со исто име има смисла само како контраст со современите луѓе, но не и како опис на нивните популации низ времето и просторот. Името Џулурен не го гледам како замена за Денисовци, туку како начин да се означи одредена група фосили и нивното можно место во мрежата на древни групи“ пишува Хокс на својот блог.

 

 

Во последните две децении, семејното стебло на луѓето од минатото прерасна во густа и заплеткана мрежа, а обидите да се расплетат и именуваат сите гранки стануваат сè поголем предизвик. На секои неколку години, се чини, се појавуваат нови лоза, преплетувајќи се со други гранки од животот, пред да исчезнат без објаснување.

Во 2003 година, научниците го открија Хомо флоресиенсис – најмалиот познат вид на луѓе, кои живееле пред најмалку 100.000 години на остров во Индонезија.

Во 2007 година, археолозите го открија Хомо лузоненсис – сосема нов вид на хоминин од пред 67.000 години – на Филипините.

Во 2010 година, анализата на ДНК откри постоење на древни Денисовци во денешна Русија, близу границата со Казахстан и Монголија.

Во 2018 година, палеоантрополозите најдоа фосил од североисточна Кина, кој се покажа како изумрен вид на архаичен човек, можеби поврзан со Денисовците. Дури во 2021 година, научниците формално го именуваа овој вид како Хомо лонги.

Ву и Бае велат дека ова е добар пример за „сложеноста на човечката еволуција.“

„Доколку ништо друго записите од источна Азија нè поттикнуваат да ја препознаеме комплексноста на човечката еволуција воопшто и нè принудуваат да ги ревидираме и преосмислиме нашите интерпретации за различните еволутивни модели за подобро да се совпаднат со растечките фосилни записи“.

 

  • Васе напиша:

    Сето ова е манипулација на „сивите„ вонземјани со ДНК.
    Каков Дарвин, какви бакрачи!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *