Луѓе споделуваат глупави работи што ги кажале Американци, а ние не можеме да не се изнасмееме

Различни места во светот имаат различни култури и погледи на животот. Но, ние учиме за другите со цел да се обидеме да ги разбереме и да можеме подобро да се согласуваме.

Честопати оние што се исмејувани дека не знаат што се случува на други места во светот се Американците, па затоа решивме да се насмееме на нивна сметка.

Подолу ќе најдете кратки приказни споделени од луѓе кои од прва рака искусиле колку Американците живеат во некој свој свет.

  • На царина на аеродром.

 Царински агент: „Од каде си?“

Јас: „Данска“

Царински агент: „Господине, ве молам, не лажете за вашата националност“

Јас: „Извини?“

Царински агент: „Данска не е вистинска земја, сега те молам кажи ми ја твојата земја на потекло“.

Јас: „Господине, буквално го држите во рака мојот пасош, кој е од Данска. Како може да ми кажете дека мојата земја не постои ?! ”

Царински агент: „Господине, Данска е регион на Шведска, а не призната независна нација“.

 

  • Еден Американец ме праша како е да се има акцент. Тие мислат дека немаат акцент и нивниот говор е „стандарден“.

  • Кога студенти од Америка дојдоа да нè посетат, им приредивме забава за добредојде кај другар ми (Германец) дома. Тој имаше куче и во еден момент му даде команда на кучето на германски јазик. Кучето го послуша, а едно од американските деца праша како успеавме да го научиме кучето да разбира германски. Тие мислеа дека сите домашни миленици се некако родени со познавање на англиски јазик.

 

  • „Не ми треба пристап до здравствено осигурување. Ми треба слобода“.

 

  • „Чекај, дали имте ИКЕА?“ Јас сум од Шведска.

 

  • Живеам на јужната хемисфера. Зборувајќи со Американец на Интернет во Декември му споменав дека е лето за мене. Постојано ме прашуваше во кој месец сум (постојано инсистираше дека мора да е Јуни) и не можеше да сфати дека летото на јужната хемисфера е во Декември.

  • Ме праша дали Франција е дел од Обединетото Кралство. Кога се обидов да му објаснам што е Велика Британија, тој ми рече дека Англија повеќе не е дел од Велика Британија поради Брегзит.

 

  • „Колку долго ти треба да пресметаш од инчи во сантиметри?“ Тој не разбираше дека ние не пресметуваме туку едноставно имаме друг систем за мерење.

 

  • „Како Канаѓаните можат да нудат бесплатно здравствено осигурување? Зошто некој доктор би сакал да работи бесплатно? Ова е ропство!“

 

  • „Дали твоите родители се демократи или републиканци?“ Имаме ралични политички партии тука злато.

 

  • Типични работи. Дали имате автомобили / дрвја / кучиња / во Германија. Омиленото: Дали Хитлер е сè уште жив?

  • „Зошто едноставно не го заобиколиле Берлинскиот ѕид“?

 

  • Ме прашаа дали зборувам африкански ….