Луѓе споделуваат тајни кои ги дознале по смртта на нивните блиски кои ја смениле сликата што ја имале за нив

Луѓето не сакаат да размислуваат за смртта. Тоа е нешто што е далечно, си велиме, нешто што им се случува на другите кои се многу постари од нас.

Но кога смртта ќе ни се приближи или кога некој близок ќе се разболи, одеднаш сфаќаме колку е кревок животот и колку ни е ограничено времето на Земјата.

Но некогаш по смртта, откриваме малку повеќе отколку што сме очекувале. Без разлика дали станува збор за исповед на смртна постела или луѓе кои само ги спојуваат информациите, можеме да научиме нешто ново за починатиот. Вистината има тенденција да излезе на виделина.

На Редит неодамна беше поставено прашање за другите корисници на платформата: “Што е нешто шокантно што дознавте за пријател или член на семејството откако починале?”. Одговорите ќе ве шокираат.

  • Дедо ми бил многу богат и дознав дека анонимно платил за стотици погреби на луѓе со ниски приходи во нашиот град.

 

  • Ги сретнав сите 4 момчиња на мајка ми на нејзиниот погреб. Беше изненадување за нив и за мене.

  • Откако почина, дознав дека тато ми служел во Виетнам. Тоа објаснува а) зошто тој никогаш не кажа ништо за тоа б) беше многу против за јас да се пријавам во војска кога имав 17 години и в) имаше навистина добри вештини за прва помош. Тој, исто така, се ожени двапати пред да се сретне со мајка ми и напиша неколку книги.

 

  • Најдовме с*кс лулашка во подрумот на мојата мила баба која беше католик.

  • Мојот прадедо не бил изеден од мечка на планината Рение (тој беше чувар во паркот). Тој ја изневерувал мојата прабаба и нејзините браќа го избркале од градот. Се преселил на Алјаска и никој не знаеше што стана со него додека не го пронајдовме неговиот гроб, многу децении подоцна.

 

  • Татко ми почина во несреќа пред четири години. Јас и тој никогаш не се сложувавме, бев тажен, но не го прифатив тоа толку тешко како моето семејство. Една година откако почина, мајка ми ми го даде стариот компјутер што тој го користеше. Открив дека тој ја изневерувал мајка ми со години. Повеќето „средби“ биле само на интернет, но се сретнал со една жена додека бил надвор од градот „за работа“. Никогаш не сум му кажал на моето семејство и мислам дека никогаш нема да им кажам.

  • Мојот дедо имал тајно семејство и никогаш не кажа ниту збор. Најдовме слики од дипломирање, божиќни и роденденски честитки, и стотици други работи кои го докажуваа тоа. Се` уште не можам да поверувам.

 

  • Открив дека татко ми убил човек кога имал 19 години. Расправијата била поради девојка. Му дале избор: затвор или војска. Тој избрал војската потоа се префрлил на Воздухопловните сили.