Луѓето бараат да му се врати „машкоста“ на змејот на знамето на Велс
Петиција која гласи :„Бараме змејот на нашето знаме да има п*нис“ официјално беше испратена во владата на Велс.
Во моментот на пишување, речиси 400 луѓе се потпишаа на петицијата, а поддржувачите, наводно, се „надеваат на успех“.
Поддржувачите на петицијата, исто така, брзо забележаа како на милиони монети со велшкиот змеј им се додадени п*ниси. Дополнителните детали биле додадени на монетите од 1 и 20 фунти од уметници за монети во Кралската ковачница со седиште во Лантрисант, во близина на Кардиф.
И покрај тоа што змејовите се митски суштества и затоа можеби немаат потреба од таква биолошка точност, поддржувачите се желни да ја видат промената на знамето.
Секоја петиција со повеќе од 50 потписи треба да биде разгледана од официјалниот комитет за петиција, според правилата на велшката Влада.
Петицијата беше креирана од уметникот Рон Вилијамс, откако истражувал древни прикази за велшкиот змеј.
Неговата петиција тврди дека промената ќе и помогне на нацијата да „покаже доминација и лидерство“ доколку змејот е прикажан како „горд“.
Вилијамс се запраша дали искоренувањето на таков дел од телото може да се должи на дизајнерите на знамето кои сакаат да ја „симболизираат улогата на Велс во британското кралство“.
Според Вилијамс, недостатокот на „приватните делови“ на змејот „збунувал многу уметници, поети, текстописци и автори со векови“.