Луѓето чудно ги гледаат: Полничка девојка од Канада ја пронајде посилната „половина“ во животот
Британи Жак од Канада е девојка која има 116 килограми, таа вели дека отсекогаш имала прекумерна тежина и дека децата во училиште често ја задевале и малтретирале. Девојката вели дека изгубила надеж дека ќе ја пронајде љубовта на својот живот сѐ до моментот кога го запознала 23-годишниот Мет Монгомери. Тој е буквално посилна „половина“ на Британи, затоа што Мет е фитнес тренер и тежи само 63 килограми. Тие се запознале на социјалните мрежи и девојката мислела дека нема да ѝ врати, но почнале да разговараат, се запознале, биле во врска неколку месеци и тој ја запросил. Поради нивната физичка разлика Британи вели дека луѓето чудно ги гледаат, но на нив не им е важно, затоа што се лудо вљубени.








