Луѓето ги откриваат најнекултурните работи што некој гостин ги направил во нивниот дом

Да имате гости дома е доста возбудлива активност која честопати бара многу подготовка. Но понекогаш гостите прават такви работи кои домаќинот не може да им ги прости и години подоцна

Наидовме на дискусија за оваа тема на интернет каде луѓето ги споделуваа најнекултурните работи со кои се соочиле како домаќини и ги издвоивме најинтересните.

  • Сестра ми доаѓаше на гости, ја крадеше облеката на жена ми, правеше неред, па заминуваше. Ги сменивме бравите, а таа го украде клучот на моите родители за да влезе. Оттогаш се преселивме далеку од нејзиниот опсег на посети.

 

  • Еден пар седна на масата на која што беше мојата торта (која допрва требаше да се послужи), двајцата земаа вилушка и почнаа да ја јадат, ниту еден од нив не исече парче торта за себе. Никој друг не сакаше торта после тоа.

 

  • Детето на соседот влезе со валкани нозете и потоа ги избриша на тепихот. Никогаш не успеав да ја извадам дамката.

 

  • Ги сечеше ноктите на нозете во мојата дневна соба. Беше на посета само неколку часа.

 

  • Пријателот на мојот син (во средно училиште) ги отвори сите јогурти во мојот фрижидер. Не ги изеде, само ги отвори.

  • Еден мој добар „пријател“ ми ги крадеше чевлите. Ми требаше долго време за да сфатам дека тој, а не некој друг.

 

  • Влезе дома и почна да ми ја преуредува дневната соба.