Луѓето ги споделуваат сите знаци дека филмот ќе биде ужасен за да не мора да си го губите времето гледајќи го
Замислете, по многу долго време одите на кино бирате филм кој ви изгледа интересен, купувате огромна количина на пуканки и се упатувате кон темната сала, само за после половина час да сфатите дека филмот што го гледате е ужасен и нема никаква смисла. За во иднина да не го губите времето со ужасни филмови, собравме мислења од корисници на Редит на темата „знаци дека филмот ќе биде ужасен“. За наша среќа луѓето имаа многу што да споделат за оваа тема.
Нивните знаци и коментари погледнете ги подолу.
- Кога треба да го спасат светот, но светот е само Америка ….
- Кога во рекламата го даваат заплетот и сите главни сцени од филмот.

- Рекламата покажува девојка која е само премногу фокусирана на кариерата да најде љубов како се враќа во нејзиниот мал роден град.
- Има некаква врска со Стивен Сигал.

- Кога името на главните актери е поголемо од насловот на постерот.

- Ако е комедија и има повеќе трејлери, но тие ја користат истата шега во сите нив.
- Кога е преработка на Дизни.

- Ако ликот посочи нешто што е очигледно. „ВО СВЕТ, КАДЕ ЕДЕН ЧОВЕК, МОРА ДА ГО СПАСИ СВЕТОТ“. Човек: „Морам да го спасам светот“.
- Ако Адам Сендлер глуми во него.
- Кога знам како ќе заврши само со гледање на рекламата.
- Ако започне со с*кс сцена.
