Луѓето ги споделуваат своите „трауматски“ искуства со авионска храна

Авионската храна не е позната по тоа што е вкусна, и да бидаме искрени, сите одиме сити на аеродром бидејќи знаеме дека храната во авионот ќе биде ужасна и скапа.

Меѓутоа, се појави слика од сендвич со сланина што изгледа толку лошо, што ги инспирираше другите луѓе да ги споделат своите искуства со авионска храна.

Споделен на Твитер од авторката Лиз Нуџент, сендвичот се состои од три мали парчиња сланина фрлени  помеѓу две половини багет.


Обраќајќи им се на своите следбеници на Твитер, Лиз објасни дека нејзината пријателка го купила  сендвичот додека бил на лет на Рајанер за 5.50 евра.

Се разбира пријателката на Лиз е далеку од единствениот патник на кого му била послужена катастрофа на чинија.

Еден коментатор раскажа за „ладен сендвич со кашкавал“ од „Бритиш ервејс„ и сподели слика од оброкот.