Луѓето ги трансформираат своите дворови во плажи со „песочни базени“

Ретко кој го има тоа задоволство да живее до море или пак сега со оваа состојба кога не можеме ниту на одмор на море да одиме, желбата за морето е поголема. Една компанија нуди годишниот одмор на плажа да го донесе во домот.

Шпанска компанија наречена Piscinas de Arena NaturSand е специјализирана за песочни базени. Тие ги прават од почеток или едноставно го модифицираат веќе постоечкиот базен. Чувството во влегување во овие базени е исто како на море, па нема потреба од скали, водата постојано се зголемува.