Луѓето ја открија мистеријата: Зошто на телефоните следниот аларм откако ќе стиснете „snooze“ е поставен на 9 минути, а не на 10?
Многу луѓе користат аларми за да станат постепено наместо брзо и енергично. Но, една карактеристика што ги нервира сите е тоа што, откако ќе се притисне копчето „снуз“, алармот се активира повторно по девет минути – не десет, туку девет.
Ова чудно правило ги мачи многумина, особено корисниците на iPhone, а неодамна е откриено дека причината лежи во историјата на аналогните часовници.
На форумот „Quora“, Филип Римејкер објаснува дека девет минути се стандард во индустријата за аларм-часовници уште од минатото. Првичните аналогни часовници користеле запчаници, кои биле тешки за прецизно подесување на десет минути. Затоа, мајсторите се одлучувале за „помалку од десет минути“, што често резултирало со девет. Иако модерните дигитални часовници немаат вакви ограничувања, производителите го задржале овој стандард поради носталгија и традиција.
Еден корисник на форумот додаде дека современите дигитални уреди, како компјутери и паметни телефони, овозможуваат корисниците да подесуваат свои интервали за „снуз“ или да креираат повеќе аларми.
„Apple Explained“, „YouTube“ канал, потврдува дека оригиналните механизми на часовниците не дозволувале точно подесување на десет минути поради технички ограничувања.
Ако деветминутниот интервал ви пречи, постојат апликации кои овозможуваат повеќе прилагодувања. Или, пак, можете да го тренирате вашето тело и циркадијалниот ритам за да се будите природно, точно кога е потребно.
Коментирај анонимно