Оваа мајка побарала нејзиниот посинок да биде избришан од семејната фотографија
Доколку некој стапи во брак со личност која веќе има дете или деца, треба да е свесен дека тоа дете ја има истата положба како и оние кои ќе ги добие со партнерот. Детето е дел од семејството без разлика дали во него има само еден биолошки родител.

Една мајка се соочи со големи реакции на Интернет откако објави барање на Фејсбук групата „Photoshop Fairy Connection“ каде што побара од луѓето многу контроверзна услуга. „Може ли некој да го отстрани централното дете?” – праша таа, покажувајќи на нејзиниот посинок на семејна фотографија. Таа понудила и 10 долари за оној кој ќе ја изврши услугата.

Жената објавила и дека има одобрување за едитирање на фотографијата од фотографот кој ја направил и тој немал никаков проблем со измените, иако ја прашал дали направиле и фотографија без посинокот. Луѓето збеснале во коментарите, но и по сетоа тоа жената успеала да најде некој кој ќе го избрише детето од фотографијата.

