Луѓето мислат дека овој стан од 1,5 милиони долари во Лондон е архитектонска катастрофа
Лондон е неверојатно скап. Од домување до храна, ништо не е евтино во оваа бучна метропола. Покрај ова, Лондон е секогаш полн со изненадувања – земете го овој стан од 1,5 милиони американски долари со сопствен приватен базен како пример. Но, работите не се секогаш како што изгледаат и не се она што блеска е злато, бидејќи луѓето на интернет не се согласуваат со неговата „уникатност“.

„Уникатен! Луксузен стан со две спални и приватен базен. Првиот кат од станот поделен на две нивоа опфаќа луксузен приватен базен, сауна, туш, просторија за седење со преклопни стаклени врати, кујна и тоалет.“, се вели во описот на станот.

Луксузен приватен базен? Сауна? Преклопени стаклени врати? Но, веќе почнуваат да се забележуваат и необичните работи, како на пример три фрижидери, необичен распоред на собите, стаклен под за да ги гледате оние кои се капат во базенот и најнеобично, базенот се наоѓа во средината на собата. Има ли подобар начин да го започнете денот отколку да ги наполните белите дробови со свеж мирис на хлор, нели?

Но, од друга страна пак најверојатно овој стан не би го купило некое семејство туку некој богат човек кој би го користел за забави.





