„Луѓето ме обвинуваат дека сум му ставила перика на мојот едногодишен син, затоа што неговата коса е неверојатна“
Рејчел Силвис (31) од Калифорнија била запрепастена кога го родила својот син Адам и открила дека има премногу густа коса.
Рејчел откри дека косата на Адам пораснала толку брзо што сега мора да ја врзува во „машка пунџа“.

Мајката на три деца објаснува дека секогаш кога ќе го извади својот син во јавност, странците често ја прашуваат дали косата е вистинска.
Дури и ја испитуваат за тоа какви „витамини“ земала за време на бременоста.
„Потоа добивам прашања од типот: „Дали е роден со толку коса? Што правеше кога беше бремена со него? Дали земаше витамини?”

Таа додаде дека луѓето често ја прашуваат дали Адам носи „перика“, на што таа саркастично одговара: „Да, му ставив перика на моето бебе“, а потоа појаснува „секако дека не“.
Рејчел додала дека не сите нејзини деца имале среќа како Адам, таа открила дека нејзината ќерка Кетрин (2) е родена целосно ќелава и не ѝ пораснало влакно додека не наполнила една година.

Но, косата на Адам никогаш не престанала да расте, таа станувала сѐ подолга и подолга и кога тој наполнил „три месеци“, мајката веќе му врзувала репче.
„До сега, неколку пати морав да му ги скратам шишките и околу лицето бидејќи не гледа кога паѓаа на лицето“, рече таа.
Сепак, Рејчел ги смири стравовите кај фановите бидејќи истакна дека Адам само ќе добие „средување“ и дека неговата долга коса „му одговара“.

Коментирај анонимно