Луѓето не можат да се одлучат која од овие 2 зебри гледа во камерата! Што мислите вие?

Сарош Лоди, фотограф на животински свет од Нагпур, Индија, минатата година отпатува за Кенија. Таму, Лоди го посети резерватот Масаи Мара. Ова место е познато по лавови, африкански леопарди, гепарди и африкански слонови, така што фотографот имал многу материјали. Но една фотографија од две зебри го привлече вниманието на луѓето низ светот. Фотографијата предизвика дебата за социјалните медиуми откако еден од ренџерите ја споделил на Твитер. Обидете се да погодите, а ако не можете одговорот е подолу.

Успеавте ли да погодите? Доколку мислите дека тоа е зебрата од лево тогаш сте во право! Барем така вели фотографот.