Луѓето останаа разочарани откако открија како денес изгледа „најгледаната фотографија на сите времиња“
Можеби е најгледаната фотографија на сите времиња, но многумина беа разочарани кога открија како денес изгледа локацијата од познатата позадина на Windows XP.
Фотографијата позната како „Bliss“ (Блаженство) ја прикажува зелената падина и чистото сино небо во Напа Вали, Калифорнија, и беше стандардна позадина на милиони компјутери ширум светот.
Меѓутоа, корисници на социјалните мрежи изразија тага и разочараност откако видоа фотографии од истата локација од 1998, 2006, 2020, 2024 и 2025 година – каде што наместо зелените ридови, сега има лозје.
Кратка историја на легендарната фотографија
Фотографот Чарлс „Чак“ О’Риар ја направил оваа фотографија случајно додека возел покрај границата меѓу Напа и Сонома каунти во Калифорнија. Тој застанал откако забележал едно поле без лозја – што било невообичаено за тој регион.
Полето било расчистено претходната година поради напад од инсектот филоксера, кој ги уништува лозјата. Така, фотографијата од 1998 година прикажува уникатен момент – зелени ридови без лозја, нешто што било само привремено.
Фотографијата, првично наречена „Bucolic Green Hills“, била продадена на компанија за сток фотографии, која потоа била купена од маркетинг фирма во сопственост на Бил Гејтс. Таа станала главен визуелен симбол на Windows XP во нивната рекламна кампања од 2001 година вредна 200 милиони долари.
Иако изгледа како дигитално уредена фотографија, О’Риар тврди дека боите и јасноста се природни и не се обработени – „Сè беше таму. И облаците, и зелената трева, и сините небеса.“
2006
2020
2024
СЕГА
Кој започнал со Виндов ИксПе Профешнл, добро ја познава овој валпејпер!
Мене сите слики ми изгледаат исто, само се снимени во различни годишни времиња.
Во 2025 година се гледа дека некој си го приватизирал долниот дел и си насадил лозје!
Да не е кавадчанец?
Коментирај анонимно