Луѓето останаа запрепастени откако дознаа како споените близначки Аби и Британи се навистина поврзани со нивните тела
Аби и Британи Хенсел, споени близначки кои станаа познати преку реални тв шоуа пред децении, неодамна открија како функционира нивното делумно споено тело.
34 годишните близначки, се родени со dicephalic parapagus – две глави споени на едно тело, каде секоја има свој мозок, срце и други органи. Нивните нервни системи функционираат совршено координирано, овозможувајќи им да пишуваат, јадат, трчаат и управуваат автомобил синхронизирано.
Нивното горно тело е уникатно: два мозоци, два рбетни мозоци и две срца кои делат заеднички циркулаторен систем. Ако едно срце има проблем, тоа може да влијае врз другото, зголемувајќи го оптоварувањето.
Секоја близначка контролира една рака и една нога – Аби ја контролира десната, а Британи левата страна. И покрај тоа, нивните движења се извонредно координирани благодарение на нивната способност за постојана комуникација.
Тие имаат две дишни цевки, два желудника и еден заеднички црн дроб и тенко црево. Нивните различни апетити овозможуваат независно внесување храна, која понатаму се разградува и апсорбира преку заедничкиот дигестивен систем.
Во моментот, тие се наставнички во Минесота и продолжуваат да водат активен живот. Аби се омажила за медицински брат во 2021 година, а неодамна се појавија шпекулации за бременост откако објавија видео со наслов „Мажена и бебе на пат“.
Близначките изразиле дека никогаш не посакале да бидат разделени, бидејќи тоа би ги спречило да ги прават заедничките активности што ги сакаат.
Коментирај анонимно