Луѓето споделуваат суптилни знаци дека некој е навистина добра личност
Светот е полн со добри луѓе кои искрено се грижат за другите и се трудат да постапуваат чесно и праведно. Но, постојат и такви кои само се претставуваат како добри – манипулатори, нарциси и луѓе со скриени мотиви. Па, како да ја направиме разликата?
Иако не е секогаш очигледно, постојат неколку суптилни знаци што откриваат дали некој е навистина добра личност. Еве некои од нив:
Прават добри дела без да бараат признание
• Помагаат без да очекуваат нешто за возврат.
• Не се фалат со добрите дела, ниту ги објавуваат на социјалните мрежи.
Вклучуваат други за да не се чувствуваат изоставени
• Ги вовлекуваат другите во разговор ако почувствуваат дека некој е изоставен.
• Чекаат пријател кој заостанува или му држат врата на некој, без размислување.
Признаваат грешки и знаат да се извинат
• Признаваат кога згрешиле или кога не знаат нешто.
• Искрено се извинуваат без да бидат принудени на тоа и не дозволуваат егото да им застане на патот.
• Преземаат одговорност за своите постапки и се трудат да ги поправат грешките.
Љубезни се кон оние од кои немаат корист
• Почитуваат луѓе врз кои имаат моќ или авторитет.
• Однесувањето кон тие што не можат да им возвратат на љубезноста открива многу за нивниот карактер.
Говорат убаво за другите зад нивниот грб
• Наместо озборување, споделуваат позитивни работи за луѓето.
• Бранат некого кога го озборуваат.
Ги враќаат количките во маркетите
Иако не е законски обврска, ја враќаат количката назад како чин на одговорност и почит кон другите.
Ова не се строги правила, но даваат добар увид во карактерот на некој човек. А можеби ќе нè поттикнат и да се преиспитаме себеси.
Коментирај анонимно