Лукава жена му направила паб на мажот во нивната градина, за да не се пијанчи во пабовите во градот

Мажите сакаат да одат во кафани, пабови и слично, а на жените често им чади од главите поради оваа нивна навика. Епа на една жена од Англија ѝ здосадило скоро секој ден да го гледа нејзиниот сопруг како излегува од дома за да оди во паб на пиво со другарите, па смислила начин како да го задржи дома.

48-годишната Џејн Тапер го држи сопругот Пол на краток поводник откако му направила паб во нивната градина. Лукавата мајка на 5 деца го планирала и изградила пабот наречен „Doghouse“ (куќа за кучиња), во рок од 5 месеци. Таа не само што го задржала сопругот дома, туку сега организира и забави, па и останатите мажи доаѓаат кај неа во пабот. Генијално… 🙂