Луксуз кој заслепува: Суперјахта од скоро 28 милиони евра доаѓа со сопствен суперавтомобил

Мора да признаете дека секој од нас барем во еден момент си размислувал што би купил доколку е милијардер. Кога ќе ја видите оваа луксузна јахта најверојатно ќе ви стане прва на списокот. Ако имате околу 28 милиони евра „вишок“ зошто да не си ја купите оваа луксузна јахта која доаѓа со „бесплатен“ Bugatti Chiron.

Студиото Лазарини Дизајн ја создаде крајно луксузната јахта наречена Ксенос, насочена кон оние кои живеат одреден квалитет на живот. Јахтата чини 27,7 милиони евра, да бидеме попрецизни. Италијанскиот дизајнер Пјерпаоло Лазарини го опиша водното возило како „хиперјахта“, бидејќи може да патува до 90 јазли, што ја прави најбрзата јахта од оваа големина во светот.

Долга е 40 метри, а широка 8 метри, а е составена од карбон и алуминиум, со интегрирани соларни панели. Бидејќи во ова време хигиената е клучна за безбедност, јахтата има свој систем за рециклирање, термички скенери за следење на температурите и гермицидни ламби UV-C / UV-V.

„Хиперјахтата“ има и свој мост за да можете лесно од неа да си го извадите суперавтомобилот, со што ќе можете полесно да се префрлате помеѓу патувањето на копно и водата.