Луксузниот ресторан на Солт Бае вработува готвач, саатницата нема да ви ги покрие ни апетисаните
Раскошниот лондонски ресторан на Солт Бае вработува готвачи, но саатницата е иста како и цената на пире од компири на неговото мени.
Ресторанот, кој стана омилено место на славните, „Нуср-Ет“ во Најтсбриџ е во сопственост на турскиот месар, кој подоцна стана готвач Нусрет Гокче, попознат како Солт Бае, чии театрални лудории при готвењето му донесоа повеќе од 38 милиони следбеници на Инстаграм.

Имајќи потреба од „Шеф де Парти“ за да се приклучи на британската филијала на синџирот Нуср- Ет, ресторанот објави оглас на Caterer.com и нуди само 12 фунти (14 евра) на час, плус бакшиш, што е цената на пире од компири или слатка пченка во новиот луксузен ресторан.
Огласот за работа бара „искусен“ готвач. Во него се вели дека успешниот апликант „ќе работи со некои од најдобрите состојки во еден од најпознатите ресторани во светот“.

Сепак, готвачот ќе биде платен од само 12,00 до 13,50 фунти (14 евра) на час плус бакшиш и покрај неверојатните цени на менито.
Нусрет (38) моментално има 17 ресторани во својот успешен ланец и има легија на славни приврзаници, вклучувајќи ги диџеј Калед, Леонардо ди Каприо и Дејвид Бекам.

Тој ја отвори својата филијала во Лондон во октомври, и добро ги посоли цените на менито. Повеќе околу тоа може да видете овде.
