Лутите станари не можат да поверуваат дека езерото кое им го ветила градежната фирма не е ниту приближно како она што им било ветено

Градежна фирма од Чангша, Хунан, Кина имала неверојатна понуда за идните станари. Тие во својата реклама прикажале дека секој кој ќе купи стан во нивните згради ќе има пристап до парк и езерце во него и со овој поглед ќе можат да се будат секој ден. Секако оваа понуда им звучела прилично примамливо на мноогу луѓе, па така становите почнале брзо да се продаваат.

Околу 200 сопственици на домови беа разочарани кога дознаа дека рекламата за живописното езеро и парк е лажна. Наместо езерце со бистра вода тие добиле сина површина направена од пластика која би требало да наликува на вода. Чудно е и тоа што градежниците направиле и мост на лажното езеро, како такво нешто да е потребно.