Мајчинството не познава граници! Лавица реши да посвои болен леопард и се грижи за него како за свое бебе

Истражувачите документирале еден редок случај на посвојување откако забележале дека лавица се грижи за болно бебе леопард, како да е нејзино.

Невообичаената врска што се формира меѓу животните во Националниот парк Гир во Гујарат, Индија, каде што дивите суштества се сретнале пред една година.

Врската е особено необична бидејќи лавовите и леопардите во паркот обично имаат „постојани несогласувања“ едни со други, според Сотра Чакрабарти, постдокторски истражувач од Универзитетот во Минесота, која го проучува однесувањето на животните.

Иако животните се натпреваруваат за храна и територија лавицата се сожалила над 2-месечниот леопард и го посвоила. Таа веќе со недели го храни и се грижи за своето посвоено бебе, а тоа дури и се игра со „браќата и сестрите“, бидејќи лавицата има свои 2 младенчиња.

Примери за посвојување од различни видови се многу ретка појава во природата, а овој конкретен случај е единствениот документиран пример во кој се вклучени животни кои обично се силни конкуренти.

Сепак за жал истражувачите по неколку месеци го пронашле мртвото тело на малиот леопард. Откако извршиле аутопсија откриле дека починало од поради феморална хернија која ја имало уште од раѓање.