Мајка ѝ купила кукла сирена на својата ќерка, но излезе дека играчката и не е баш наменета за деца

Малата Ели сакала бебе-сирена кукла за Божиќ и нејзината мајка Елизабет Фајдли решила да ѝ ја исполни желбата. Таа пронашла симпатична кукла на Etsy и ја порачала. Но, наместо куклата од каталогот пристигнала прилично морничава кукла со зелена коса и чудни очи.

Девојчето кое било малку исплашено од куклата сакало да ја разувабат па со мајката си првин ја бојадиласе косата, но и тоа не помогнало.

Така Елизабет почнала да бара друго решение и пронашла „Болница за кукли и мечиња“ компанија која поправа, разубавува и реставрира стари играчки. Мајката се договорила со нив и им ја кажала „состојбата“ на куклата и тие прифатиле да ја разубават.

Мајката и ќерката една недела не слушнале ништо за куклата, но одеднаш наместо од компанијата им се јавиле од полиција и ѝ кажале на Елизабет дека треба под итно да разговараат со неа.

Елизабет објаснува: „Детективот ми кажа дека им се јавиле од болницата за играчки и им кажале дека кога ја отстраниле главата на куклата за да ѝ ја поправат кожата откриле дека е полна со кокаин. Детективот првин сугерираше дека дрогата е моја. Јас се расправав и велев дека никогаш во животот не сум видела кокаин. На крајот тој се согласи бидејќи би било чудно да ставам кокаин во глава на кукла и потоа да ја пратам во скапа болница за кукли.“

Потоа од полицијата почнале да се сомневаат во членови на нивното семејство и ги испрашувале и им ги провериле досиејата. На крајот ја задржале куклата за понатамошна истрага. Елизабет вели дека се надева никој нема да има „среќа“ како нејзината со грди кукли и дрога.