Мајка и нејзиниот син кој го изгубила пред 30 години имаат емотивна средба
Ова е срцезатоплувачкиот момент во кој мајка и син во северна Кина конечно повторно се сретнале откако биле разделени 30 години. Ли Џианг сега 33-години, исчезнал кога имал само 3 години, додека шетал со неговите родители. Тие се шетале на улицата на градот Чанџи во 1989 година кога во метежот детето одеднаш се изгубило. Родителите направиле стотици флаери и пријавиле во полиција, но потрагата не била успешна.
Да се најде дете на улица не било редот случај во Кина така кога 3-годишното детет било пронајдено на железничка станица човекот кој го пронашол решил да го посвои. Така Џиан Џиан пораснал 145 километри од своето родно место.
Неговата мајка изјавила дека секој ден размиславала за нејзиниот син, а неговиот татко починал од чувството на вина кое го „јадело“. Во септември оваа година тој решил да даде примерок во полицијата за да види дали се совпаѓа со некој и да го дознае своето минато. Уште додека го барале родителите на Џианг оставиле негова ДНК во полицијата и на овој начин тој го дознал својот идентитет.