Мајка на 4 деца се мачела со долгови и одеднаш доби на лото два пати по ред и стана милионер

Мајка на четири деца се мачела да го отплати кредитот, но одеднаш, преку ноќ стана милионер откако освои 700.000 евра на онлајн бинго и уште 610.000 евра кои ги освоила 10 дена подоцна.

Анита Кембел, од Сехам во округот Дурам, го освои својот прв џекпот една недела откако отворила своја сметка на MeccaBingo.com и депонирала 120 евра.

По нејзината победа 51-годишната жена продолжила да игра и за една недела добила уште скоро толку пари. Сепак Анита вели дека и покрај големата победа сѐ уште се плаши да ја погледне сметката во банка. Таа веднаш ги исплатила долговите кои ги имала по смртта на нејзинатата мајка. Жената не можела да се справи со финансиите и изгубила тежина, бидејќи имала нарушување во исхраната.

„Кога прв пат победив, бев во шок и кога продолжив да играм на Интернет, не очекував воопшто да освојам ништо, а камо ли уште една голема сума пари. Потребна беше скоро една недела да се надмине шокот од победата за прв пат, а потоа повторно победив. Дури и сега се плашам да го погледнам мојот биланс во банка.“, вели Анита.